Неколку лица се повредени во напад со киселина во кафуле во западниот германски град Бохум, пренесува индекс.хр.
„Околу 15 часот и 25 минути маж влегол во кафулето и полил со кисела течност гостин кој седел на маса на отворено“, соопшти локалната полиција. „Жртвата е тешко повредена“, додаваат тие.
Повредени се и жената која седела на маса со него и келнерката.
При фаќањето на напаѓачот повредени се и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со течноста, соопшти полицијата.
Насилникот најпрвин побегнал, но по кратко време бил уапсен. Се уште не е познат мотивот за нападот. Полициската истрага е во тек.