Голем концерт на Андријана Петрушовска во своето родно Драчево: „Дојде мојот ред да ви покажам колку ми значите“!
Финалистката на „Ѕвездите на Гранд“, младата пејачка Андријана Петрушовска утре во скопската населба Драчево ќе одржи голем концерт и на тој начин ќе се заблагодари за поддршката која ја добиваше изминативе месеци додека се натпреваруваше во музичкото шоу.
Локацијата за овој музички настан воопшто не е случајна, бидејќи Андријана својата кариера започна да ја гради токму од Драчево, каде што е родена и живее денес.
„Дојде мојот ред за да ви покажам колку ми значите! Моето благодарам за огромната поддршка, љубов и енергија кои безрезервно ми ги давате цело време, преточено во дело! Сакам да пееме и да си поминеме незаборавно заедно, затоа ве чекам сите на 30.06“ – напиша Петрушовска на социјалните мрежи каде го најави својот концерт.
Таа откри дека на концеротот ќе има и специјални гости, а тоа се нејзините колеги: Мики Секуловски и Александар Јосифовски.
Концертот ќе има и хуманитарна нота, а влезници нема да се наплаќаат.