Денеска официјално се отвора првиот фестивалски ден од четиринаесетото издание на Д Фестивал.
Вчера во 17 часот на пладне го отворивме фестивалскиот камп за сите посетител чив број достигна до повеќе од неколку илјади со наредени повеќе од стотици шатори. Програмата и активностите се веќе во тек, извежбавме утринска јога, Таи Чи Чуан, играме друштвени игри со ,,Гоблин”, Д Базарот, беребрницата, Tattoo студиото и сите други Д Другари се веќе во акција – соопштија организаторите.
72 часовната забава може да започне!
Вечерва главната бина TOGETHER X ја отвораат хрватската хип – хоп атракција – Elemental, потоа за првпат на Д Фестивал доаѓа големата пејачка од Мали – Fatoumata Diawara, фаворитете на ланската Евровизија – Joker Out, а за крај техно ѕвездите Deborah De Luca i Sama’ Abdulhadi. Младиот македонски колектив – OVC Kolektiv со целовечерна журка на Lake Awake бината….