Чиј сопруг е Тасе и дали навистина го знае името на својата сопруга? Ова прашање се наметна во јавноста, откако скопјанецот Тасе Чанов кој беше дел од публиката во емисијата „Сѐ или нешто“ го утна името на жена си, а видеото на кое е забележано тоа, не само што ги насмеа присутните во студиото туку стана и вирален хит на Интернет.
Откако натпреварувачката Катерина дојде во квизот на Лила Филиповска за да му го земе милионот на банкарот, нејзиниот сопруг Тасе седна во публика како поддршка.
Но, на прашањето на Лила да се претстави, тој рече дека ѝ е сопруг на Емилија!
А кој беше исходот од ваквата „утка“?
Утринците од Канал 77 решија да проверат и конечно да ѝ ја сервираат вистината на публиката. Христина и Мирко од Утринското шоу на Канал 77 ја побараа Катерина, која раскажа дека сепак Емилија е всушност името на нивната ќерка. Оттука, Тасе без гајле се вклучи во живо и кажа дека е жив и здрав, а се чини изјавата и не е толку опасна како што изгледаше на почетокот.
Како изгледаше проверката за разрешницата на оваа драма погледнете во продолжение: