Триесет години стоеја на сметка неискористени, со два неуспешни референдуми за пренамена на близу 66 милиони денари, со бројни правни толкувања дали смее пари од самопридонес да се користат беа граѓанско изјаснување, за денеска во десетина минути Советот на Општината Штип да пресече. Парите од самопридонесот се пренаменуваат за изградба на две резервоари за вода – еден во населбата Пребег и вториот во близина на филтер станицата.
Овие средства граѓаните на Штип ги собраа преку издвојување на по два отсто месечно од своите плати во периодот од 1992 го 1997 година, откако претходно на референдум мнозинството се согласило да се распише референдум. Парите што граѓаните ги собираа беа за изградба на хидросистем со брана на Козјачка река. Оваа брана никогаш не беше изградена, а парите 27 години стоеја неискористени на општинската сметка.
Досегашните толкувања беа дека средства собрани со референдум може да се искористат за поинаква намена само до нов референдум. Поради тоа, во минатите години беа одржани два референдуми (во 2000 и 2004 година), и двата беа неуспешни.
Како што објасни Вишна Шорова – Ангелова, секретар на Општината Штип, нема потреба од референдум, бидејќи за водоснабдување е намената на парите што се собирале.
-Основната одлука за самопридонесот е одлука за воведоснабдување, но има уште една одлука, а тоа е одлуката за референдум. Во тие одлуки во член 3 за воведување на самопридонес на подрачјето на Штип, се напишани проектите за кои на референдум е добиено позитивно мислење, кажа Шорова – Ангелова.
Советникот Иван Бојаџиски потсети на формулацијата на референдумското прашање пред распишувањето на самопридонесот.
-Прашањето беше: „Дали сте за парите од самопридонесот да се наменат за изградба на брана на Козјачка река или за решавање на прашања од водоснабдувањето“. Тогаш собраните 1,2 милијарди денари сега веќе не се некои пари, рече Бојаџиски, кој даде поддршка за тоа парите да се искористат за изградба на двата резервоари за вода.
Како што објасни Шорова – Ангелова, парите откако се собрани стоеле на сметка во банка, за што течела камата, но со отворањето на трезорски сметки, парите се префрлени на општините штип и Карбинци. Од тогаш до сега, парите стојат и низ годините полка ја губат вредноста.
Со денешната одлука парите во износ од 65.970.000 ќе бидат искористени за подобрување на водоснабдувањето во градот.
В.К.