Во Красондар, Русија пред два дена се случила незамислива трагедија, откако 37-годишниот Рафаел Аракелин намерно „слетал“ со автомобилот од третиот кат на трговски центар, а во тој момент со него била бремената Екатерина Корнилова (37) и нејзиниот десетгодишен син.
Руските медиуми прво пренесоа дека се работи за сопруг и сопруга, но потоа „испливаа“ нови информации.
Сите тројца загинале на местото на настанот, а иако медиумите прво пренесоа дека Екатерина и Рафаел биле маж и жена, се испостави дека тоа не е вистина. Тие всушност биле љубовници, а Рафаел дури го познавал сопругот на Екатерина. Но таа најверојатно, како што пишуваат медиумите, била бремена од Рафаел.
Инаку, бракот на Екатерина и нејзиниот сопруг изгледал и како повеќе од функционален, многумина ги сметале за среќен пат, а освен тоа тие двајца имале и заеднички успешен бизнис. Меѓутоа, на површина испливаа детали кои досега биле непознати.
Имено, Екатерина два дена пред несреќата имала тежок разговор со Алексеј (нејзиниот маж) и со Рафаел.
Алексеј дознал дека неговата жена е во врска со Рафаел и дека носи негово дете.
По овој разговор, Алексеј си заминал, но не ја споменал можноста за развод. Од друга страна, Рафаел важел за лут и емотивен маж, кој порано имал проблеми со дрогата. Според зборовите на Алексеј, Рафаел ја предизвикал несреќата со цел да ја убие Екатерина и нејзиното дете.
Надлежните сега ја истражуваат можноста дека Рафаел намерно ја предизвикал нареќата.
Според последните пишувања во руските медиуми, Рафаел со автомобилот со кој слетал од третиот кат на трговски центар, го купил пред само два месеца, што алудира на тоа дека со возилото сѐ било во најдобар ред.
Се шпекулира дека ги помешал и педалите, но тоа е малку веројатно бидејќи се работи за искусен возач.