Една од најпознатите хрватски спортисти во историјата, Бланка Влашиќ, дознала дека нејзиниот сопруг, познатиот спортски новинар Рубен ван Гухт ја изневерува, а тоа се случило во програма во живо, пренесува 24/7.
Медиумите во Хрватска сега тврдат дека Ван Гухт ја изневерил Бланка со Шарлот ван Лој, девојка со која имал историја.
Порталот Ртл.хр откри дека Шарлот е писателка, а со своите пријатели во Белгија отворила ресторан.
Од друга страна, Јутарњи.хр откри дека Рубен ван Гухт ја изневерил и својата поранешна сопруга Лоренс ван Тонгерло со Шарлот ван Лој и дека сега се фрлил повторно во прегратките на старата љубов.
За сомнежите дополнително се погрижила самата Шарлот, која пред две недели објави заедничка фотографија со сопругот на Бланка Влашиќ, пишува Курир.
Бланка Влашиќ дознала дека сопругот ја изневерува и тоа се случило во програмата во живо.
Ruben Van Gucht krijgt wel heel speciale ondersteuning van de VRT dit EK. pic.twitter.com/PIadByE1JV
— JVL (@J_VLbe) June 22, 2024
Ван Гухт моментално известува од Еуро2024н во Германија, а при неговото вклучување во телевизиска програма зад неговиот грб се забележани женски нозе.
Кога сватил што се случува, новинарот се обидел да ја сокрие сцената со шолја кафе, но веќе било доцна, а шокантното видео почнало да кружи на социјалните мрежи.
Бланка Влашиќ и Рубен се венчаа на 26 мај годинава, а сега е јасно дека бракот ќе се разниша доколку Ван Гухт не успее да ја објасни целата ситуација.
Од контроверзното видео, до сега, Рубен ван Гухт само еднаш проговори преку својот Инстаграм профил, но ништо за скандалот не спомна.