Се сеќавате на Сафет Ѓичи, градоначалникот на албанскиот град Кукс, кој стана познат откако беше објавена секс видео снимка во градоначалничкиот кабинет? Ѓичи беше осуден на казна затвор од три години за делото „Злоупотреба на службената положба“, додека жената од снимката доби една година затвор за делото „Проституција“.
Меѓутоа, во жалбената постапка, Специјалниот Апелационен суд кој ја укина првостепената одлука и му ја зголеми казната на екс-градоначалникот на 4 години и 6 месеци затвор. Преиначено е делото за кое е осуден Ѓичи и наместо за „Злоупотреба на службена должност“ повисокиот суд му досудува затвор за делото „Пасивна корупција“.
Алма Качи, жената од видеото, која беше осудена на една година затвор за делото „Проституција“, со одлуката на Специјалниот Апелационен суд се осудува на 1 година и шест месеци затвор за делото Активна корупција на високи државни функционери или локални избрани функционери“. На Ѓичи и Качи им е одредено скратување на казната, поради што екс-градоначалникот има активна казна затвор од 3 години и 1 година за Качи.
Никој од нив не учествуваше во процесот, бидејќи поранешниот градоначалник на Кукс веќе два месеци е во болница, пишува Euronews.al.
За потсетување, Специјалното обвинителство покрена кривична постапка против градоначалникот на општина Кукс, Сафет Ѓичи, откако на 16 јуни на социјалните мрежи се појави видео снимка на која е прикажан Ѓичи за време на интимни моменти со жена во неговата градоначалничка канцеларија во општинската зграда.
Жената, која подоцна беше идентификувана како Алма Качи, беше уапсена поради активна корупција, повикувајќи се на член 245 од албанскиот Кривичен законик, бидејќи Ѓичи и ветил тендер за кастрација на кучиња во општината што ја водел, во замена за сексуални услуги.
Ѓичи ја понуди својата оставка по избивањето на видео скандалот, нарекувајќи го „стапица подготвена во детали од неговите политички противници“.
Тој призна дека имал интимна врска со жената покрај него во двеминутното видео, кое брзо се прошири низ социјалните мрежи, нагласувајќи дека чинот е неоправдан, па оттука и нуди оставка.
Истиот ден, Владата на Албанија продолжи и донесе одлука за разрешување на Ѓичи од функцијата, а веста ја потврди и министерот за економија.
Еуроњуз