Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски заврши во болница. Тој направил операција на слепото црево, а веќе денес се огласи на социјалните медиуми.
-Благодарам на убавите желби за брз опоравак. Се е во ред сега, вчера имавме мала здравствена криза поврзана со слепото црево, но операцијата помина како треба и денес веќе се гледаме. За жал за вчера и денес морав да ги откажам сите теренски активности, но денес во 19 часот продолжуваме со лајфчет за сите предлози и коментари. Утре продолжуваме со исто темпо, во изминативе недели успеавме да покрене сериозен бран на желба за промени и нема да ве разочарам. Продолжуваме понатаму заеднички, рече меѓу другото тој.
Погледнете ја неговата изјава на Фејсбук
https://www.facebook.com/share/r/TbjFPh54VMtXGBPn/