Вистинска драма за спас на девојче(16) се случувало вчера во Струмица.
За среќа се се завршило добро и девојчето веќе е во болица, каде и се санирани повредите на глава.
Дирекоторот на ЦУК; Стојанче Ангелов ја објасни целата постапка за спас на младата струмичанка.
-Синојка околу 20.30 часот се јави избезумена мајка, дека над Струмица над манастирот „Св. Илија“, нејзината ќерка која заминала да пешачи паднала во провалија. Таа не знаеше точно на кое место се наоѓа, но на мајка и кажала дека имала повреда на главата. Ја советувавме мајката да пренесе на ќерка и да се јави на 112 за да ја лоцираме. По неколку минути се јави ќерката видно вознемирана и исплашена, но кажала дека има повреди и не знае каде е бидејќи паднала од патеката за спортување.
Операторите ги информирале полицијата, брзата помош и пожарната во Струмица, кои веднаш тргнале. Кога дошле на локацијата, поради темницата, ја довикувале девојката и според гласот ја утврдиле точната локација. Девојчето паднало во дол длабок 20 метри. Храбрите пожарникари се спуштиле до повреденото девојче и го извлекле. Го презела медицинската екипа и како што сме информирани девојчето е згрижено во болница, реле Ангелов и додаде:
„Ги повикуваме сите граѓани кога ќе се соочат со било каква опасност веднаш да се јават на бројот 112. Нашите оператори ја гледаат локасијата и веднаш можат да пратат помош“.