Ристе Илијовски, вереникот на Мартина Наумовска(29) која вчера загина во сообраќајната несреќа во Грција, на автопатот Егнатиа кон Солун на својот Инстаграм профил со потресни зброви ја објави веста за нејзината смрт.
Ристе напиша:
-Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина.
Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет.
Им посакувам опоравување на другите три девојки од кои две се во тешка состајба, а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и го уби нашето чупе да заврши онаму каде што припаѓа.
Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот!
Почивај во мир душо моја најсакана! Со почит Фамилија Наумовски и Илијовски.