„Изборниот пораз на СДСМ на парламентарните и претседателските избори во значителен дел се должи на демотивираните прогресивни гласачи, уморни од неисполнетите ветувања на ЕУ за побрзо пристапување“ вели за БИРН поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.
„ЕУ не нè предаде“,вели тој, но нагласува дека „тие не ги исполнија сите обврски“.
– Со дводневната меѓународна конференција за мир и одржлив развој, која ја орагнизираа двајцата поранешни премиери на Македонија и Грција, беше одбележана шестата годишнина од историскиот договор.
По двата договора, прво добрососедскиот со Бугарија во 2017 година, а потоа и Договорот од Преспа со Грција во 2018 година, Македонија ја дочекаа нови блокади во ЕУ. Земјата влезе во НАТО во 2020 година, но почетокот на пристапните преговори со ЕУ не се случи, што Заев оцени дека било разочарување.
„Имаше демотивација на прогресивните гласачи поради ЕУ. Се случи методологијата на Макрон, и се случи Бугарија… Има мешавина од причини“,рече тој за изборниот пораз во мај.
Во официјалниот говор, пак, поконкретно ги спомена и другите причини за поразот. Правејќи ретроспектива на владеењето рече дека слабата борба против корупцијата на неговата партија, исто така, придонела за изборниот пад. Сепак, тој додаде дека откако си заминал од кормилото нема видлив успех и во борбата против криминалот и корупцијата.
На настанот во Атина, Ципрас пак рече дека доколку не се почитува договорот од Преспа, не само што е загрозена ЕУ перспективата на Северна Македонија, туку и нејзиното „постоење“, бидејќи ѝ се заканува „меѓународна изолација“.