Регионалниот ЦУК-Охрид вчера информираше за возило паднато во провалија на патот на Галичица, во кое параглајдеристи пробашле две починати лица. Денес СВР Охрид информира дека двете починати лица пронајдени крај патот Охрид-Отешево се сопружници од Ресен.
-На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф” со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, информираат од СВР Охрид.