Дали е можно да се заштеди на сметките за комунални услуги при користење на домашните апарати, посебнo клима уредите кои летово ќе ни бидат неопходни за разладување во сахарските жештини.
Како што пишува српскиот портал Курир.рс има начин како да се заштеди, а тоа за српската ТВ Курир го открива Владимир Дујаковиќ, мајстор за климатизација, пренесува порталот.
– Кога ќе дојдат тропските горештини, станот треба да се проветрува пред да навлезе жештината и потоа да се затворат прозорците, па дури потоа да се вклучи климата. Нема трик за намалување на сметката, без разлика на температурата, резултатот секогаш ќе биде ист. Пред летната сезона проверете ја вашата клима, ако е нечиста и не може да врти исчистете ја или повикајте некој да ја исчисти, па сметката ќе биде помала, но нема и да се плашите од потенцијални дефекти, вели Дујаковиќ.
Од аспект на избегнување на голема температурна разлика помеѓу температурата во домот и надворешната температура, некои советуваат дека вентилаторите се подобри разладни тела од клима-уредите.
Исто така, потрошувачката на електрична енергија кај нив е помала, а и еколошки се поприфатливи.
Советите од мајсторот за клими може да ги погледнете на снимка на овој линк.