Двојно убиство се случило синоќа во Кратово. Полицијата приведе 36-гoдишна жена со иницијали В.И. која се товари за убиство со нож на сопругот и свекорот.
Обвинител и полицијата извршиле увид по што телата биле пренесени на обдукција.
Истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот на извршување на двојното убиство.
В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти полицијата.