Агенцијата за животна средина на Словенија на социјалната мрежа X објави дека на планините заврнал јунски снег.
„Зимата на планините уште не рекла збогум. Снег падна на нашата највисока метеоролошка станица во Кредарици. Од новото влажно време направивме Снешко Белиќ, кој ќе ја краси нашата метеоролошка камера во следните неколку дена – напишаа метеоролозите на словенечката агенција за животна средина РС (Арсо) на социјалната мрежа Икс, пренесува АТВ.