Гардијан објави дека Данска итно одлучила да го откаже увозот на јужнокорејските инстант тестенини бидејќи се премногу зачинети и носат ризик од „акутно труење“, објавија денеска медиумите.
– Оваа одлука ја донесе данската агенција за храна, предупредувајќи ги љубителите на јужнокорејските тестенини дека три производи на компанијата Самианг Фудс содржат опасни нивоа на капсаицин, активната компонента на лутите пиперки, објави данската управа за ветеринарство и храна, пренесува лондонски Гардијан.
По оваа одлука, три производи од линијата за инстант рамен Самианг – Buldak 3k Spici & Hot Chicken, 2k Spici & Hot Chicken и Hot Chicken Cov, беа повлечени од малопродажбата во Данска.
Ако ги имате овие производи, треба да ги фрлите или да ги вратите во продавницата каде што се купени, се вели во соопштението на данската управа за ветеринарство и храна.
Посебно предупредување е издадено и за децата кои јадат тестенини, а родителите се повикуваат да го контактираат локалниот оддел за токсикологија доколку мислат дека нивните деца покажуваат „акутни симптоми на труење“.