Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска го посети семејството Богдановски во Јурумлери, чиј дом изгоре целосно во пожар на 4 јуни 2024 година во 4:00 часот наутро.
Пожарот, како што информира Општина Гази Баба, за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да излезат неповредени.
– Денес сме во посета на семејството Богдановски чиј дом пред неколку дена беше зафатен од пожар и изгоре. Како локална самоуправа ќе дадеме соодветна финансиска поддршка со цел возобновување на овој дом. Ја користам оваа прилика, да ги поканам сите хумани, сите добронамерни луѓе и градежни компании да дадат поддршка со цел семејствата побрзо да се вратат во нормалниот тек на функционирање, изјави Стефковски.
Сите хумани граѓани имаат можност да донираат на следната сметка која е на ќерката на Зоран: 270-7000494939.08 – Халк Банка, со ознака донации на име на Маја Ѓорѓиев.