Центарот за јавно здравје Охрид денеска упати апел за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран, поради високите температури кои се чувствуваат деновиве.
-Во таа насока, а со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие надпросечно топли денови, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги обават потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати – наведуваат од институцијата.
Од Центарот за јавно здравје Охрид додаваат дека доволно е да се поседува уредно издаден упат од матичниот лекар и да се јават на еден од нивните телефони 078 488-250 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13 часот.