Иако сите ги сакаме, јагодите важат за највалкано овошје бидејќи за нив се користат многу пестициди кои потоа се задржуваат на површината, а само вода не е доволно за темелно миење.
Јагодите се преубаво сезонско овошје и тие се дел од многу вкусни рецепти кои ги обожуваме. Но за жал, на нив се наоѓаат најмногу траги од пестидици кои се користат за нивно одгледување.
Бобинките често содржат високо ниво на пестициди, бидејќи се користат многу хемикалии за нивна заштита од штетници и болести. Јагодите е тешко да се исчистат бидејќи тие имаат тенок надворешен слој кој лесно се лупи. Токму поради тоа, пестицидите лесно можат да навлезат во внатрешноста на плодот и тогаш е невозможно да се отстранат.
Затоа, треба да се внимава ако некое овошје е малку згмечено, таквото овошје треба да се фрли.
Обидете се да најдете јагоди кои се органски одгледани и за кои се користени малку пестициди, или пак, воопшто не се користени.
Најдобар начин за да ги измиете јагодите е да користите сода бикарбона или оцет.
Така на пример, овошјето може да го потопите во оцет. Преходно мијте ги рацете со сапун дваесетина секунди, потоа ставете оцет во еден сад и додадете ги јагодите. Оставете ги да отстојат во садот неколку минути. Истурете ја водата, па повторно измијте ги јагодите и исушете ги со „тапкање“.
Сода бикарбона
Истражувањата покажале дека содата бикарбона може да ги отстрани бактериите и пестицидите.
Еве како да ја употребите при миењето на јагодите:
Измијте ги рацете за да ги отстраните бактериите. Ставете ги јагодите во сад, во кој ќе додадете една кафена лажичка сода бикарбна и две чаши ладна вода. Оставете ги јагодите во садот со водата најмалку 12 минути. Паралелно може да ги исчистите и со четка.
Процедете ги и измијте ги повторно.