Кошаркарките на ЖКК „Спорт тим” Неготино го освоија третото место во Македонија, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, преку објава на неговиот фејсбук профил.
– Со континуирана и посветена работа и со пожртвуваност на теренот на секоја средба, неготинските кошаркарки од ЖКК ,,Спорт тим” во мошне силна и изедначена конкуренција го освоија третото место во Македонија. Огромен и успех за почит, па токму затоа сите љубители на кошарката и спортот се повикуваат на градскиот плоштад во Неготино во 18,30 часот, сите заедно да ги пречекаме нашите девојки и да им честитаме на големиот успех, напиша градоначалникот.