Меривионе Роха Моралес донела бизарна одлука во животот кога одлучила да се омажи за кукла која ја сошила нејзината мајка. Оваа девојка, која инаку е од Бразил, објави дека штом ја здогледала куклата почувствувала „пеперутки во стомакот“.
Нејзината мајка ја направила куклата по име Марсело, бидејќи Мервионе била многу несреќна затоа што сите нејзини другарки имале некој, а таа била сама и немала со кого да се забавува. Штом Марсело бил завршен, знаела дека „тој е вистинскиот“. Следувала „бурна романса“ па таа одлучила да се венчаат, а на нивната венчавка присуствувале околу 250 гости.
За својот семеен живот со Марсело, 37-годишната жена вели дека е „прекрасен“ иако признава дека сопругот ѝ е прилично мрзелив.
„Како млада често немав партнер за традицоналниот транц кој се игра во североисточен Бразил. Тогаш во мојот живот влезе Марсело и сѐ одеднаш доби смисла. Затоа одлучив да се омажам за него и беше преубаво, а потоа и двајцата уживавме во нашата прва брачна ноќ“, изјави таа.
„Тоа беше прекрасен ден за мене, многу важен и многу емотивен. Тој е маж каков што отсекогаш сум сакала во животот. Брачниот живот со него е прекрасен. Не се караме и целосно ме разбира. Тој е добар и верен маж, а поради него сите жени ми завидуваат“, додаде таа.
Меѓутоа, за среќниот пар не е сѐ мед и млекко со оглед дека Мервионе е единствената во врската која работи и плаќа сметки.
„Марсело има толку прекрасни квалитети, но маана е што е мрзелив.Воопшто не работи. Сепак, јас сум борец и работам за двајцата“, објасни таа.
После свадбата тие одлучиле медениот месец да го поминат во куќичка на плажа во Рио де Жанеиро, а набргу потоа му посакале добредојде и на своето дете. Во мај, Меирвионе донела на свет бебе кое многу личи на татка си.
„Навистина ме вознемирува кога луѓето велат дека нашиот заеднички живот е лага бидејќи јас сум воспитана секогаш да ја зборувам вистината и навистина сум среќна со својот маж“, заклучи таа.