Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски., јави Телма.
Видевски, како што јавува Телма, го сменил исказот, иако првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното.
Ова за телевизијата го потврдил и неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот суд кој ја одби неговата жалба за притворот.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 29.05.2024 година по повод жалбата од обвинетиот Б.В. во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања Ѓорчевска“, изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, против решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ- 417/24 од 30.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе решение ВКЖ1-23/24 од 29.05.2024 година, со кое жалбата е одбиена како неоснована и обжаленото решение во целост е потврдено“,се наведува во соопштението од Врховен суд.