Таткото на првоосомничениот за убиството на Данка Илиќ (2), Радослав Драгијевиќ денеска по два месеци излезе од затвор, а српски Курир открива што мисли за вината и вмешаноста на неговите синови во стореното кривичното дело.
„Излегов од затвор утрово, што да кажам, поминав два месеци таму, тешко ми беше, а сега сум надвор, ги изгубив синот и сопругата, се вратив во празна куќа, никој не ме пречека. Не знам што да правам прво, седам и гледам во ѕидовите и плачам – низ солзи ја започна приказната Радослав за Курир.
Како што рече, неговиот престој во затворот секој ден станувал се потежок, а во една прилика чуварите успеале да го спречат еден од затворениците го нападнал.
„Еден се обиде да ме претепа, за среќа го спречија. Но останувањето таму сепак беше тешко, ме испрашуваа, отидов на полиграф, прв пат паднав на полиграф, но ми поставуваа секакви глупави прашања, од тоа дали копам среде ноќ и го мрдам тело до каде е тоа дете, но што да кажам кога не знам ништо. Болен сум, со едната нога во гроб, демек, ништо не можам да ископам дома, а камоли да одам среде ноќ и да копам за такво нешто – вели Радослав, а на прашањето што мисли. за вината на неговите синови и нивната вмешаност во ова страшно злосторство, тој вели:
„Не можам да верувам, навистина не можам и како да знам што правеле моите синови и дали биле вклучени? Да бидам искрен, мислам дека сето ова е местенка, некој ни го намести сето ова, но сега е готово – низ солзи рече Радослав.