Вера Ванг му посака на светот „среќно лето“ додека споделуваше фотографии на кои позира покрај базен, а интернетот не можеше да поверува дека има 74 години.
Легендарната модна дизајнерка, која следниот месец ќе го прослави својот 75-ти роденден, на Инстаграм сподели мноштво фотографии на кои обожавателите се прашуваат која е нејзината тајна за да остане младешка.
„Мојот Slim Aarons момент… Среќно лето“, напиша таа на Инстаграм покрај фотографиите.
Освен изобилството на срца и оган во делот за коментари, еден напишал: „Сестро, ти старееш наназад!“
„Невозможно е да имаш 70 години“, „Како е можно да изгледаш вака. Морам веднаш да го оставам парчето пица“, „Вечна елеганција, убавина, грациозност и смиреност“, се само дел од коментарите .
Пионерката на модната индустрија, која дизајнираше венчаници за Викторија Бекам, Аријана Гранде и Ким Кардашијан, рече дека се надева дека ќе живее доволно долго за да ги види своите ќерки Сесилија (33) и Џозефин (30) во сопствени венчаници.
„Се надевам дека ќе видам свадби пред да умрам, двете свадби“, рече Вера Ванг. „Секако, се надевам дека ќе бидам жива и здрава и дека ќе можам да го доживеам тоа.
Претходно, Вера откри дека никогаш не се обидела да ја одржи младоста „на фанатичен, опсесивен начин“.
„Во мода сум од 19 години. Не пред камера, туку зад неа“, рече таа во интервју за BBC 100 Women 2022. „Никогаш не размислував за младоста, веројатно затоа што работам со најубавите жените во светот секој ден и затоа што ги гледам повеќе како мои музи, можеби тоа е продуктивен начин на справување со стареењето“, пренесува радиосарајево.ба.