Во раните утрински часови пожар избувна во куќа која се наоѓа во централното градско подрачје, спроти зградата на Стопанска банка во Штип.
Според првичните информации причинета е материјална шетета, за среќа нема повредени лица.
Граѓаните кои се очевидци велат дека од пожарната бргу реагирале и веднаш пристигнале на местото. Жителите во куќата веднаш излегле од неа, а според првичните информаци прво започнало да гори во задниот дел на куќата.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/05/441433439_1396566077724095_2513164271461443549_n-768x1024.jpg)
Фото: МИА
-Во куќата живеат, имаше една стара баба мислам она имала внука која ја разбудила и излегле на време. Нема повредени нема ништо, изгорени, велат очевидци.
Од Територијалната противпожарна единица известија дека добиле повик во 03:30 часот веднаш се упатиле кон местотот со едно возило и четири пожарникари.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/05/441477848_332093626385154_8733475208336051211_n-768x1024.jpg)
Пожарникарите побарале помош при гаснење на пожарот па се дополнила екипата со уште три возила и пет пожарникари.
За среќа нема жртви, причината е материјална штета известуваат од штипската пожарна. Моментално има дежурна екипа која е на терен во случај да не избувне друго жариште. Пожарникарите велат дека причината за пожарот е непозната
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)