Британскиот министер за воени ветерани Џони Мерсер им порача на луѓето кои го исмеваат – „да пораснат“, откако фотографијата на којашто тој седи бос во воз за Лондон стана хит на интернет.
Сликата прв ја објави лондонски „Тајмс“ (The Times), а Мерсер наводно го фотографирал еден од патниците. Корисниците на социјалните мрежи потоа го критикуваа министерот што ги соблекол чевлите и чорапите во јавниот превоз. Тој инсистира дека не направил ништо лошо.
Exclusive
No10 needs to stop trying to “placate” Rishi Sunak and instead give airtime to more popular colleagues like Kemi Badenoch and Penny Mourdant, Cabinet minister Johnny Mercer wrote in a private memo 🧵
Story w/ @Steven_Swinford @Geri_E_L_Scott https://t.co/bCVfKneM1X pic.twitter.com/82KNTr2ILZ
— Peter Chappell (@p_j_chappell) May 21, 2024
– Значи, некој чудак одеше наоколу и го фотографираше мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа собуени затоа што тукушто пројдов со велосипед низ Дартмур на дождот. И, сега – убијте ме! Или пораснете!, објасни Мерсер.
Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање се согласи дека „не е в ред да се собувате“ во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за овој случај. МИА