Љупчо Палевски Палчо e однесен пред судија на претходна постапка. По бегството во Турција за првпат е пред судија во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Палевски треба да се произнесе за 30-дневниот притвор кој му беше одреден во отсуство на почетокот на декември, кога Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за двојното убиство.
Според законот за кривична постапка, осомничените може да се држат во притвор пред поднесување на обвинение најмногу 180 дена, кои истекуваат на 2 јуни и за тоа за тројцата осомничени соучесници мора да биде поднесено обвинение.
По поднесувањето, тие може да бидат задржани во притвор уште две години.