Универзитетскиот професор и пратеник во грчкиот Парлемент Ангелос Сиригос во колумната во коавторство со колегата професор Евантис Шацивасилеиу пишува за можните последици од раскинувањето на Договорот од Преспа по Грција. Во денешното издание на весникот Катемирини, двајцата професори одговараат на прашањето како да реагира Грција на најавите од ВМРО ДОМНЕ дека нема да ја употребува продавката „Северна“? Дали може да побара раскинување или суспендирање на договорот поради материјално прекршување на договорот (член 60 од Виенската конвенција за правото на договори)?
„Во таков случај, обврската на Скопје да го користи името Северна Македонија автоматски ќе престане. Да не заборавиме дека уште во првата одредба од договорот од Преспа, во член 1(1), се наведува дека со неговото влегување во сила Привремената спогодба од 1995 година ќе биде раскината 2019 година, а Привремената спогодба оттогаш е укината, веќе нема „враќање“ во ФИРОМ. Ова нека го имаат предвид нашите сограѓани кои очекуваат, како што велат, откажување на договорот. Како што стојат работите од почетокот на 2019 година, укинувањето на договорот ќе ја остави оваа држава како чисто „Македонија“. Тогаш ќе го изгубиме и единствениот елемент што го добивме од договорот од Преспа: употребата на името „Северна Македонија“. Тоа не е пријатно за многу сограѓани, но ова е реалноста од почетокот на 2019 година, за која Нова Демократија предупредуваше и во Собранието, како и ПАСОК и многу аналитичари, вклучително и ние во нашата релевантна книга што беше објавена токму тогаш“, пишуваат Сиригос и Шацивасилеиу во колумната.
На прашањето што ако новата македонска влада одлучи да побара ракинување на договорот, професорите потсетуваат на Членот 20(9), кој наведува дека неговите одредби „ќе останат во сила на неопределен временски период и се неотповикливи. Нема да се дозволи никаква измена на овој договор содржана во член 1(3) и член 1(4).“
„Што значи тоа? Дека имаме рамковен договор кој вечно ќе владее со односите меѓу двете држави. Односно, секое раскинување на договорот не го ослободува Скопје од обврската да го користи терминот „Северна Македонија“. Единствен случај е ако двете држави се согласат да го променат целиот договор со подоцнежен договор, вклучувајќи ги двата специфични параграфи. Сепак, со оглед на позициите на двете страни, вакво нешто тешко дека ќе се случи. Напротив, ќе продолжиме да живееме со противречноста дека државата се вика Северна Македонија, но нејзиниот јазик не се вика северномакедонски“, пишува во колумната на Катемирини.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во една од неговите изјави ѝ порача на Грција дека може да се обрати на меѓународен суд.
„Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда па таму ќе ги вкрстиме аргументите. Не би сакал до тоа да дојде, повикувам на пријателски односи, да се помагаме. А ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото бидете сигурни дека тоа нема да го направиме“, изјави Мицкоски.