Нема да има промени, корупцијата и криминалот ќе си продолжат – смета мнозинството од учесниците (53%) во анкетата на ММС, кои оваа недела одговараа на прашањето: „Што очекувате дека ќе се случи со промената на власта?“.
Речиси идентичен е бројот на граѓани, кои сметаат дека може да очекуваме економско закрепнување и повисоки плати и пензии (18%), додека правда и одговорност од тие што ја злоупотребиле власта очекуваат 16 отсто. Минимални подобрувања бидејќи земјата е презадолжена и економски слаба очекуваат 11 отсто од испитаниците, додека само 2 отсто смета дека промената на власта може да донесе враќање на најмалку 5% од иселените.
Деновите пред вас е прашањето: Неспоменувањето на уставното име со додавката „Северна“ од претседателката Гордана Сиљановска Давкова е:
- Чин на државништво
- Со добра дипломатија зацврстување на националните позиции пред соседите
- Првична демонстрација на државништво, но со тек на време ќе го прифати Преспанскиот договор
- Вовед во нови вета
- Пат кон изолација и збогување со ЕУ.