На 29 јуни ќе се одржи првото издание на регионалниот музички фестивал на медитеранска, поп и забавна музика „Бисер на Јадранот“во Тиват каде ќе слушнеме 25 изведувачи.
Меѓу нив двајца Македонци – Мартинијан Кириловски и Ана Петановска.
На најдобрите изведувачи и автори ќе им бидат обезбедени вредни награди во вкупен износ од 10.000 евра.
Мартинијан својата пејачка кариера ја започнува во повеќе музички натпреварувања во Македонија, како што е Сите наши песни, а учествува и на српското шоу „Ѕвездите на гранд“.
Во 2019 година го освојува првото место на музичкиот фестивал „Макфест“.
Студирал на насоката бизнис и логистика.