Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во встинска насока.
-Успешно консолидираме 61 пратеник, не можам да кажам детали, изјави Мицкоски.
Инаку, заврши состанокот на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијаа Вреди за преговори за формирање коалиција за нова влада што се одржуваше попладнево во седиштете на ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално од учесниците, состанокот беше оценет позитивно и најавено е заедничко соопштение за произлезените заклучоци.
Пред почетокот на состанокот куса изјава за медиумите даде Азир Алиу од Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, кој кажа дека ќе се разговара за методологијата и динамиката на работа на овие групи.
Одговарајќи на новинарски прашања Алиу речи дека најверојатно од наредниот состанок на работните групи ќе почнат поконкретните разговори вклучувајќи ги и кадровските решенија.
За тоа дали се точни информациите дека бројот на пратеници на коалицијата Вреди би се зголемил, Алиу рече дека тоа сега засега се шпекулации.
Алиу на состанокот на работните групи во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ дојде заедно со другите членови на работната група од оваа коалиција. Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, членови на работната група од нивна страна се потпретседателите на партијата Владо Мисајловски, Александар Николовски, Тимчо Муцунски и Гордана Димитровска Кочовска.