Саша Поповиќ паднал, ја скршил ногата и завршил во ортопедската болница во Бањица. Таму е фотографиран во инвалидска количка, а до колена му ставиле гипс.
Со него цело време била и неговата сопруга Сузана Јовановиќ, а продукцијата Гранд се огласи со официјално соопштение и ги откри деталите за несреќата.
-Саша Поповиќ доживеа несреќа кога падна на скали и ја скрши ногата. На Институтот за ортопедија „Бањица“ му била укажана соодветна помош и му била ставена лонгета. Тој се чувствува добро и сега е дома. Ви благодариме на сите за грижата.
Јавноста беше загрижена за шефот на Гранд, а сите се прашуваа како му оди на Поповиќ и кога ќе се врати на своите обврски и работа.
Саша по немилиот настан првпат проговори ексклузивно за Курир.рс и откри како се чувствува и што се случува на деловен план.
-Им благодарам на сите што се грижите и прашувате, денеска веќе се враќам на редовните обврски, го имаме снимањето на Звезда Гранда – рече Поповиќ.