Започна печатењето на сите учебници од прво до седмо одделение во основно образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година, соопштуваат од Министерството за образование и наука.
Како што стои во соопштението, процесот е отпочнат како и во изминатите години, во вообичаениот период на печатење и наскоро целосно ќе се заокружи.
– Кон крајот на овој месец или најдоцна на почетокот на јуни ќе биде извршена испораката до сите основни училишта во државата, согласно побараниот тираж на учебници од секое училиште. Така што, учениците новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови испечатени учебници кои ќе ги чекаат на нивните клупи, стои во соопштението на МОН.