со отворено писмо до јавноста се огласија вработените од Токсикологија во кое се вели дека се што е кажано за нивниот колега д-р Нико Беќаровски е невистина.
Прочитајте што пишува во писмото испратено од вработените на Тксикологија:
Реакцијата на вработените доаѓа по објавата на Министерството за здравство, кое објави образложение зошто е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија.
„Д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно работење во целиот овој изминат период. Иако имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, тој не постапил. Ангажираните оделе на работа без договор и без плата за нивниот труд. 18 семејства ги остави без плата! Во неговиот мандат, Клиниката беше поплавена и неосигурана, а ангажираните секојдневно трпеа закани и омаловажувања на национална основа. Информираме дека поранениот медицински директор д-р Петровски не беше разрешен пред изборите за да не се поттикне нетрпение по национална основа“, напишано е во објавата на Министерството за здравство на Фејсбук.
Под овој пост на Министерството за здравство има над 85 коментари, во кои се споменува името на д-д Бечаровски, кој пак најави тужба.