МВР информира за несовесен возач, кој вчера во Кичево удрил во две малолетнички, тешко ги повредил и побегнал.
-На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување” во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата. Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.