Претставничката на Ирска на Евросонг, Бамби беше една од најкоментираните натпреварувачки, особено поради нејзиниот настап кој никого не остави рамнодушен.
Со својата кореографија и костимографија изгледаше необично и по малку страшно. Насекаде на сцената беа наредени свеќи, а многумина во нејзината изведба видоа разни станистички симболи, како и глорификација на демонските сили. Имаше неверојатен костим, а имаше и рогови на главата.
Таа се пласираше на 6-тото место во големото финале. Сепак, корисниците на социјалните мрежи не беа мрзеливи и малку истражувале за нејзиниот пласман во финалето и дојдоа до неверојатни заклучоци.
Дали забележавте дека Ирска беше шеста по гласовите на жирито, исто така, тие беа шести од гласовите на публиката. Од нив добија 136 поени, а на крајот, кога се ќе се собере, имаа 278 поени, што на крајот им го донесе шестото место.
Многумина забележаа дека Ирска е шеста во генералниот пласман, па социјалните мрежи се огласија:
„Бамби заврши на 6-то место со одлука на жирито, на 6-то место според гласањето на публиката и на 6-то место во конечниот пласман. Сега моќта на вештерката навистина оживеа“, гласи еден коментар на социјалната мрежа Х.
„666, се е јасно, ѓаволски број“, вели друг.