Во врска со прашањето дали ЈП Паркови и зеленило има склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата ЈП „Паркови и зеленило“ информира дека таков договор со Владата претпријатието нема склучено.
„ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка.
Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено“ велат од јавното претпријатие со прилог јавно достапен документ за тоа кој треба да го одржува дворот на Владата и тоа за 330 илјади евра.