Британскиот пар Лора и Рос Колеџ се решиле на драстичен чекор, дале отказ и со семејството се преселиле на јахта закотвена во Грција. Тие велат дека никогаш не биле посреќни откако повеќе не работат од 9 до 5. Единствената причина поради која решиле да направат голема промена во животот е затоа што чувствувале дека нивното семејство повеќе не е заедно.
“Рос работеше повеќе од 50 часа неделно. Чувствуваше дека најважните години на нашите деца му се лизгаат пред очи и дека многу му недостигаат”, започналала Лаура.
Затоа ја продале својата нова куќа и купиле јахта за да се преселат во Грција. Јахтата чинела околу 125.000 долари или 115.000 евра. Своето патување го започнале на Миконос, пловеле низ Егејското Море и конечно се населиле на Јонскиот залив.
Двајцата сме сурфери и кајакари со години, така што отсекогаш нè привлекувал океанот“, вели Лаура. Семејството веќе пет години плови околу грчките острови. Еве што велат за нивниот живот на море!
“Едриличарскоот живот е многу непостојан, па затоа е тешко да се балансира работата и приватниот живот. Одржувањето на секаков вид рутина е предизвик. Мора да бидете како камелеон кога времето или другите околности бараат промена на планот”, признала Лаура.
Рос е капетан на јахтата, а двајцата се директори на страните за здравје и фитнес. Нивниот син моментално се школува дома, а нивната ќерка исто така посетува онлајн училиште.
Нивните соништа не завршуваат тука! Откако ќе добијат виза за престој во Грција, планираат да продолжат понатаму. Сакаат да купат поголема јахта. Што се однесува до нивната сегашна пловечка куќа, таа е на соларна енергија, има генератор за вода и батерии. Така да не плаќаат никакви трошоци, пишува Њујорк пост.