Ќе ве побарам ако ми треба совет за одредени прашања, вака новата претседателика Гордана Силјановска Давкова денес го испрати довчерашниот претседател Стево Пендаровски од вилата на Водно.
Денес, по инаугурацијата во Собарание, силјановска Давкова се упати во кабинетот на претседателот на Водно, каде ја пречека Пендаровки со сите почести.
По сликањето и кусиот разговор Пендаровски си замина од кабинетот и официјално и го отстапи местото на првата жена претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
Погледнете ја галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски од примопредавањето на претседателската функција: