Израелската претставничка Еден Голан имаше многу проблеми на Евросонг. Нејзиното учество наиде на негодување во јавноста, поради протестите и беше забрането да излегува од хотел, а до салата ја следеше обезбедување. Сепак, и покрај тоа Еден имаше најголем број гласови од публиката. На социјалните мрежи се појавија резултатите од гласовите на публиката кои покажуваат дека Израел освоил најголем број гласови во дури 15 земји во светот.
Во интервју за Израел Хеј пред да замине за Малме, Еден рече дека сè уште не била во војска, односно во израелските одбранбени сили (ИДФ), што е должност на сите мажи и жени во нејзината земја, и дека ќе го отслужи воениот рок штом ќе се врати од Евровизија.