Мнозинството учесници во анкетата на ММС на прашањето кои партии треба да ја сочинуваат новата коалициска влада, одговориле дека тоа се ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица. Ваков е одговорот на 61 отсто од учесниците, додека 14 отсто сметаат дека новата влада треба да биде коалиција од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ВЛЕН.
Речиси идентичен е процентот (13 отсто), кои сметаат дека коалициската влада треба да ја состават СДСМ, ЗНАМ и ВЛЕН. Само 6 отсто сметаат дека СДСМ и ДУИ треба да направат влада додека 5 отсто се определиле за ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ДУИ.
Пред вас е нова анкета, со прашањето: „Што очекувате дека ќе се случи со промената на власта?“