„И јас и ние во СДСМ можеби ја плаќаме цената на тешките одлуки, но тоа не смее да нѐ одврати од идејата за прогрес и суштинси напредок. Македонија мора да биде европска земја и нема друг начин како да се направат вистински промени дома. Мора да имаме повисок стандард, подобри услови во здравство, европско образование и конечно, да воспоставиме владеење на правото во сите делови на општеството“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Струмица.
Тој додаде дека за да се постигне тоа, клучна и суштинска е поддршката од ЕУ, а тој кој го кажува спротивното или не знае или едноставно лаже, сее магла и замајува.
„Секојдневно и јас и моите соработници и пратениците бевме и еве, уште сме на терен, меѓу вас, граѓаните. Разговараме, ги слушаме забелешките и заеднички изнаоѓаме решенија. Апелирам до сите оние граѓани што избраа да не излегуваат на избори на 24-ти април, еве ви шанса, излезете сега и дајте го својот глас за европската иднина на државата“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ рече дека подава рака на сите прогресивни и проевропски сили за соработка и повика на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај.
„Мора да одиме напред, не смееме да дозволиме враќање назад, во немири, внатрешни поделби и конфликти! Патот напред е јасен – иднина на Македонија во Европската Унија, во друштво на западните развиени демократии“ рече Ковачевски.