Пратеникот Борислав Крмов, носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:
,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има – многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.
За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари”, вели Крмов.