Во пресрет на одбележувањето на Први мај, сите се во исчекување на убавото време, имајќи предвид дека дождот може да ги промени плановите за дружба на овој ден. Меѓутоа, ако временските прилики дозволуваат, нема подобра опција од излет со семејството и пријателите во природа. Животот во урбаните средини прави луѓето да копнеат по природа. Нема ништо порелаксирачко од зеленилото и чистиот воздух. Се’ што ви е потребно е добро друштвo и добра енергија, а во продолжение прочитајте неколку предлози за тоа како полесно да се организирате за продолжениот викенд.
Соберете луѓе
Прво и најважно, со луѓето со кои планирате да се дружите, треба да направите организација. Времето, начинот на доаѓање и местото каде што ќе биде организиран излетот треба однапред да се дефинираат. Најдобро е секој да знае за што е задолжен. Трошоците за храната и пијалоците, треба да ги поделите, секако ако се работи за дружба со пријателите. Доколку одите на излет со семејството, тогаш задолженијата треба соодветствуваат на возраста. Постарите може да бидат задолжени за храната, а децата може да помогнат во распоредувањето на работата и да им асистираат на возрасните.
Храна и пијалоци
Во зависност од типот на дружењето, а тоа генерално се сведува на скара, внимателно се бира и останатата храна. Некој можеби ќе се одлучи за подготовка на сендвичи доколку замислата е да се реализира динамичен излет кој вклучува прошетка, додека пак некој друг ќе остане верен на добрата скара.
Водете сметка за храната која лесно може да се расипе и за која ќе треба да обезбедите рачен фрижидер за да остане свежа. Грицките се неизоставен дел бидејќи децата ги обожуваат, а за повозрасните одлична опција може да бидат социјалните игри.
Освен тоа, доколку носите рачен фрижидер, во него може да ги ставите пијалоците за да се оладат и да бидат свежи додека да стигнете до крајната дестинација.
Подготовка на скарата
Во секое друштво има по една или две личности кои се задолжени за скарата. Најдобро е оваа работа да ја препуштите некому кому тоа му е задоволство, а и знае како да биде внимателен за да се избегне штета во текот на палењето на оганот. За подготовка на скарата најдобро е да одберете отворен простор каде нема поголеми растенија и дрвца.
Музика
Добрата атмосфера е неопходна на сите собиранки, па затоа би требало и тоа да го земете предвид. Во зависност од тоа каков тип на дружење сакате, имајте на располагање лаптопи од кои ќе може да се пушта музика во телот на целиот ден. Блутут звучниците се одличен избор исто така, тие се модерни и едноставни бидејќи овозможуваат поврзување со кој било уред. Доколку сакате поопуштен стил на дружба и сакате романтична атмосфера, гитарата би била вистински избор за вас, особено ако во друштво има некој кој знае како да свири на овој инструмент.
Креми за сончање
На пинкик често се случува некој да изгори од сонцето, иако летото не е ни на прагот. Факт е дека на првомајските празници сонцето моќе да биде баш интензивно. За да се заштитие од сончевите зраци, неопходно е со вас да земете крема за сончање со заштитен фактор, а пред да тргнете намачкајте ги и децата бидејќи нивната кожа е особено чувствителна.
Резервна облека
Дури и претходно да ја проверите временската прогноза, а планирате дома доцна да се вратите, не треба да се потпирате на временската прогноза во моментот. Времето може да ве изненади и вечерта да биде поладно. Доколку сте со маичка на кратки ракави земете и некој џемпер или јакна.
Извор: srecna.republika.rs