ОЈО информира дека е поднесен обвинителен акт против 12 лица од Агенција за млади и спорт и МОК.
-Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, информираат од ОЈО..