Зоолошката градина во Скопје доби принова. Како што информираат од таму се роди бебе од фамилијата Бактријан двогрби камили.
-Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови. Да ни е жива и здрава, напишаа од Зоолошка.