На овие претседателски избори кандидати беа дури тројца актуелни градоначалници, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош. Од тројцата двајца победија во општините кои ги водат, додека едниот не.
Во Куманово победи Максим Димитриевски, кој освои дури 14.286 гласа. Зад него е Гордана Сиљановска Давкова со 11.982 гласови, потоа Бујар Османи со 6.203, Стево Пендаровски со 7.399, Арбен Таравари со 4.325, Билјана Ванковска со 1.814 и Стевчо Јакимовски со 238 гласа.
Во Гостивар победи Арбен Таравари со 9 895 гласа, зад него е Бујар Османи со 9.820 гласа, Гордана Сиљановска Давкова 5.580 гласови, Стево Пендаровски 2.464 гласа, Максим Димитриевски 709 гласови, Билјана Ванковска 302 и Стевчо Јакимовски со 70.
Во Карпош Стевчо Јакимовски освои едвај 2.143 гласа. Повеќе гласови од него, во неговата општина имаат другите градоначалници, па и Ванковска.
Во оваа општина најмногу гласови има Гордана Сиљановска Давкова – 14.482, потоа Стево Пендаровски со 9.130, Максим Димитриевски освои 3.974, Билјана Ванковска Цветковска – 3.089, Бујар Османи освои 602 и Арбен Таравари 483 гласа.