Утре под влијание на влажен бран, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои особено во западните и јужните делови од земјата ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на метар квадратен – информираше УХМР попладнево.
Од УХМР додаваат дека се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи и засилен ветер и над 60 километри на час. Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда.
Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи, а потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.