Маж(40) и жена ( 64( загинаа во тешката сообраќајна несреќа, која се случи денеска во 14.25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на Штип. Жртвите се од Кочани и Скопје.
Официјална потврда даде и портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
-На 20 април годинава на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со кочански регистерски ознаки управувано од А.Н. (40) од Кочани и патничко моточно возило „шкода“ со скопски регистраски таблички управувано од Б.Д. (66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д. (64) во шкодата. Констатирана е смрт од лекар на Итната медицинска помош Штип, информираат од СВР Штип.
Пред околу два месеци на истиот експресен пат, во близина на селото Жиганци се случи тешка несреќа, во која животите ги загубија две лица.